Величковски (ВИДЕО): Јас сум балетан, колку што се ВМРО ДПМНЕ либерали

На денешната расправа во Собранието, околу буџетот за 2014-та година, во една од репликите, пратеникот на Либералната партија, Ивон Величковски, се обрати до својот колега пратеник Гордан Георгиев, поправајќи го дека во својот говор спомнал дека владата била либерално-конзервативна.

– Немојте да се навредуваме сега! Ако се овие либерали, тогаш јас сум балетан, а погледнете ова не е балетанска става – забележа шеговито Величковски.

Радмила Шекеринска, која беше следниот говорник, во ист стил додаде: „Немојте однапред да се откажувате господине Величковски, ставата не треба да ви биде препрека! Со „вистинска“ членска книшка и вие би можеле да бидете балетан, како што стоматолози станаа членови на претседателски кабинети, како што …“