Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос (Џеф, 59), по разводот со поранешната сопруга Мекензи Скот, среќата во љубовта си ја најде со Лорен Санчез (54), поранешна новинарка и медиумска личност.
Таа не пропушта јавни настани и сака да биде дел од нив, па не ја пропушти можноста да се појави на хуманитарната аукција што ја организираа Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино. Но, нејзиното појавување предизвика бура од коментари – поради фустанот што го носеше.
Lauren Sánchez stuns in vampy lace gown at 2024 Caring for Women Gala https://t.co/ID9JMVGZC7 pic.twitter.com/W4A2krYmFY
— Page Six (@PageSix) September 10, 2024
Фустанот што Лорен го избрала за оваа пригода е прекрасен, но чини неверојатни 8.100 евра! Станува збор за долг, црн фустан од тантела и е потпис на модната куќа Оскар де ле Рента, пишува „Јаху“. Несомненео Санчез изгледаше магично и покажа дека е една од најстилските познати дами.


