Верижна сообраќајна нeсреќа утрoво се случила на мостот Близнак во скопски Аеродром.
Во сообраќајната несреќа учествувале повеќе возила. Нема информации за повредени. Правецот од Ново Лисиче кон Железара беше затворен за сообраќај, а по завршувањето на увидот, автомобилите се тргнати од коловозот и во моментов сообраќајот се одвива нормално.


