Весна Петрушевска со емотивна објава ги загрижи фановите: Ракот е патување во кое патуваш сам, како што се раѓаме сами и умираме сами

„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лeкот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како и што се раѓаме сами и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“, напиша актерката Весна Петрушевкса на својот инстаграм-профил.

Во видеото на кое се напишани овие зборови, Весна стави и нејзина фотографија.

А веднаш потоа коментираше: Почеток.

Нејзината објава загрижи многу фанови кои ѝ дадоа поддршка и напишаа дека таа е кралица и да биде храбра и да се бори.

„Бидете борбена како што сте биле досега“, е само дел од коментарот што ѝ го нашиша една нејзина следбеничка на Инстаграм, охрабрувајќи ја дека знае што е што е најдобро за неа и да „извади што треба да се извади“.

Најчитани вести