(ВИДЕO) Лепа Брена е горда мама: „Моето злато“

По веста дека Стефан Живојиновиќ тргнал по стапките на мама Лепа Брена и одлучил да почне пејачка кариера, тој веќе го подготвува својот прв албум, кој, очекувано, ќе го издаде „Гранд-продукција“.

stefan_brena

Младиот наследник за своја душа го запеа хитот на Елтон Џон „Can you feel the love tonight“ и ја објави снимката на својот инстаграм-профил. Освен што е талентиран за пеење, Стефан цело време и свири на снимката, а коментарите се повеќе од пофални. Се разбира, најубавиот пристигна од мама Брена, која го сподели видеото на Стефан на својот твитер-профил со коментарот: „Моето злато“.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести