(ВИДЕО)Се шират фотографии од Трамп со затворени очи, од Белата куќа велат дека не спиел

Фотографииtе на кои претседателот Доналд Трамп изгледа како да дреме за време на официјален настан во Овалната соба станаа вирални на социјалните мрежи овој викенд.

Критичарите веднаш ја искористија можноста да ја доведат во прашање неговата способност за работа и неговото здравје, пишува CNN.

Спорните снимки се направени во четвртокот, додека Трамп во Овалната соба ја објавуваше веста за намалување на цените на популарните лекови за слабеење.

Фотографиите го покажуваат претседателот како во некои моменти ги држи очите затворени, додека во други се чини дека се бори да остане буден, повремено триејќи го лицето.

Портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, остро ги негираше обвинувањата. „Претседателот не спиеше, всушност, тој зборуваше во текот на целото време и одговараше на многу прашања од новинарите за време на оваа објава, кое претставува историско намалување на цената за Американците за два лека што им помагаат на Американците кои се борат со дијабетес, срцеви заболувања, дебелина и други состојби.“

извор: index.hr

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести