Претседателот на швајцарскиот фудбалски клуб Сион, Кристијан Константин, е казнет со 14 месеци забрана да извршува раководни функции, поради удирање на телевизиски коментатор.
Константин за периодот на казната нема право да влегува на стадионите.
Тој, исто така е казнет со 100.000 швајцарски франци.
Претседателот на Сион го удри коментаторот и поранешен селектор на Швајцарија, Ролф Фрингер по натпреварот на Сион против Лугано на 21 септември.
Фрингер го навлече гневот на претседателот на Сион со тоа што го нарече „нарцис“.


