Индија бара начин да ја модернизира својата армија и сите пронаоѓачи имаат шанса да се покажат…
Така пронаоѓачот Шјам Чаурасија добил идеја да создаде уред што, како што вели, може да им помогне на индиските војници во нивната одбрана.
Неговиот изум се состои од гумени чизми со „вграден“ пиштол, а се управува со управувач вграден во часовник. За да не останат без куршуми, војниците во чизмите можат да складираат и дополнителни 5-6 парчиња плус.
Пронаоѓачот изрази жалење за недоволно посветено внимание од страна на властите, но се надева дека ќе дојде денот кога неговиот изум ќе се користи за заштита на индиската армија.