(ВИДЕО) Анџелина била очајно љубоморна на француската актерка Марион Котијар поради Бред

Извор близок на двојката – Бранџолина тврди за „Пејџ сикс“ дека Анџелина Џоли била толку љубоморна на Марион Котијар без основа, така што одбила да ѝ се обраќа на француската актерка кога го посетила сетот на филмот „Allied“. Имено, Бред и Марион глумат во овој филм.

– Анџелина комплетно ја игнорираше Марион на сетот, а кога Марион се обиде да ѝ се обрати таа ја сврте главата на друга страна – рекол изворот и додал дека е лага дека Бред бил со Марион на кој било друг начин освен на колегијален.

– Марион беше очајна, таа мислеше дека ќе се запознае со одличниот амбасадор на ОН – Анџелина и наместо тоа, Анџелина одби да разговара со неа, поради својата љубомора – додал изворот.

Изворот, исто така, вели дека гласините за аферата помеѓу Марион и Бред се „100 отсто лага“ и дека најголема грижа на Бред во овој момент се неговите деца.

– Тој не сака тие да читаат ништо негативно во медиумите за него и за нивната мајка – рекол изворот.

 

Филмското студио „Paramount pictures“ го објави трејлерот за филмот „Allied“ во кој главните улоги ги толкуваат Марион Котијар и Бред Пит. Остварувањето „Allied“ го режираше Роберт Земекис, а премиерата е закажана за 23 ноември. Дејството во филмот се одвива во периодот на Втората светска војна, 1942 година, во северна Африка, каде во опасна мисија се среќаваат членот на француското движење за отпор, односно Марион Котијар и агентот на известувачката служба кој го глуми Бред Пит.

Најчитани вести