Невремето што во Хрватска дојде по Словенија, продолжува да прави проблеми.
Кај Ловран морето целосно ја поменило бојата, морничава снимка доаѓа и од островот Паг. На овој петти по големина хрватски остров познат по својот најдолг брег, луѓето денеска со голи раце се обидоа да спасат брод кој се наоѓаше во опасност да потоне поради силните бранови.
Поради обилните врнежи, Сава се излеа и многу населени места мораше да бидат евакуирани.


