ВИДЕО: Баерн Минхен убедлив во дербито со Борусија Дортмунд

Баерн Минхен ја победи Борусија Дортмунд со 3:0 во дерби натпреварот од 13. коло од германската Бундес лига.

Баерн по вечерашниот гостински триумф во Дортмунд ја зголеми предноста на табелата во однос на Борусија, која падна на третото место, зад „баварците“ и зад Баер Леверкузен кој денеска ја совлада Херта во Берлин со 1:0.

Победата на Баерн му ја доесоа поранешниот играч на „милионерите“ Марио Геце во 66 минута, Робен во 85. и Милер во 87 минута.

Борусија играше ослабена без Суботиќ, Хумелс и Шмелцер.

Во другите денешни натпревари во Бундес лигата, Аугсбург е единствениот тим кој успеа да ги освои трите бода на домашен терен. Победата од 2:0 против Хофенхајм на тимот од Аугсбург му ја обезбеди Халил Алтинтоп со головите постигнати во 17 и 23.минута.

На другите натпревари постигнати се следниве резултати: Нирнберг – Волфсбург 1:1, Ајнтрахт Брауншвајгер – Фрајбург 0:1, Ајнтрахт Франкфурт – Шалке 3:3 и Херта – Баер Леверкузен 0:1.

Утре се среќаваат: Хамбургер – Хановер и Вердер – Мајнц.

На отворањето на оваа рунда вчеравечер во Штутгарт истоимената домашна екипа загуби од Борусија Менхенгладбах со 2:0.

Табела: Баерн Минхен 35 бодови, Баер Леверкузен 31, Борусија Дортмунд 28, Борусија Менхенгладбах 25, Волфсбург 22, Шалке 21,…

Најчитани вести