Единаесет моторџии обвинети се во четиринаесет одделни обвиненија, вклучувајќи напад, криминално однесување и предизвикување немири, после потерата по црниот Range Rover во Њујорк.
Инцидентот го доби националното внимание во САД, после видеото што се појави онлајн.
Видеото покажува една банда на моторџиии како следат џип. Кога го стасаа, го скршија прозорецот и насилно го извлекоа возачот и го тепаа на улица.
Моторџиите, наводно, барале одмазда, откако возачот на Range Rover-от покосил еден од моторџиите, во обид да се извлече безбедно.
Еден од обвинетите моторџии е 32-годишниот прикриен полицаец од Њујорк.
На интернет се појавија повеќе снимки, што може да резултира со дополнителни обвиненија или повлекување на обвиненијата за некои од моторџиите, кои беа вклучени во потерата.


