(ВИДЕО) Барселона го доби градското дерби со Еспањол

Лидерот во Шпанското фудбалско првенство, екипата на Барселона синоќа на свој терен минимално со 1:0 го победи градскиот ривал Еспањол.

Голот вреден три бода го постигна Алексис Санчес по асистенција на Нејмар во 68.минута.

Денеска се играат четири натпревари од 12.коло во Примера. Двојките се: Сосиедад – Осасуна, Алмерија – Ваљадолид, Ваљекано – Реал Мадрид и Севиља – Селта Виго.

Колото ќе биде комплетирано утре со средбите: Хетафе – Валенсија, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао, Леванте – Гранада, Малага – Бетис и Елче – Виљареал.

Табела: Барселона 34 бодови (натпревар повеќе), Атлетико Мадрид 30, Реал Мадрид 25, Виљареал 20, Атлетик Билбао 20, Хетафе 19.

Најчитани вести