(ВИДЕО) Барселона повторно лидер во Примера

Екипата на Барселона по киксот на Атлетико Мадрид со Алмерија и синоќешната победа над Севиља со 4:1 се врати на првата позиција на табелата во Примера. На врвот со по 57 бодови се Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид , но Каталонците имаат најдобра гол разлика.

Инаку, дуелот на стадионот „Санчез Пизхуан“ во Севиља почна со водство на домашните, а стрелец беше Алберто Морено во 15.минута. Натпреварот го одбележа и силниот дожд, а Барселона изедначи во 34.минута по голот на Алексис Санчез. Во финишот на првиот дел (44.минута) Лионел Меси донесе водство за Барселона од 2:1. Меси зголеми и на 3:1 (56), додека конечните 4:1 ги постави Цеск Фабрегас (88).

На средби од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Реал Мадрид – Виљареал 4:2, Алмерија – Атлетико Мадрид 2:0, Рајо Ваљекано – Малага 4:1, Валенсија – Бетис 5:0, Еспањол – Гранада 1:0, Осасуна – Хетафе 2:0, Ваљадолид – Елче 2:2 и Реал Сосиедад – Леванте 0:0.

23.то коло ќе биде комплетирано со натпреварот што се игра вечерва меѓу Селта и Атлетик Билбао.

Табела: Барселона 57 (+46), Реал Мадрид 57 (+41), Атлетико Мадрид 57 (+40), Атлетик Билбао 43, Виљареал 40, Реал Сосиедад 37,.

]]>

Најчитани вести