ВИДЕО: Бејл го расплака бекот на Рајо Валекано

Минатата сабота, Реал Мадрид славеше кај градскиот ривал Рајо Валекано со 3-2, а натпреварот со две асистенции го обележа велшкиот интернационалец Герет Бејл.

Но, освен двете асистенции (Бензема и Кристијано Роналдо), Бејл успеа и да го расплаче домашниот бек Арбиља, кој три минути по последниот гол на Реал Мадрид мораше да го напушти теренот, откако тренерот се умори да гледа како Бејл се „шета“ по неговата лева страна.

Сигурно Арбиља не беше толку лош, колку што Бејл беше добар!