Уште во 1992 година, тогаш 14-годишната Сенада Аџем не ни сонувала дека две децении подоцна ќе работи за еден од најбогатите луѓе на светот, контроверзниот бизнисмен и републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
Сенада во 1996 година си заминала од Сараево и среќата ја побарала во САД. Таа дипломирала на отсекот за меѓународен бизнис и политички науки, а во 2014 година е прогласена за национален стручњак за продажба на недвижнини бидејќи продала недвижнини во вредност од 200 милиони долари.

Сенада во еден период од својот живот работела и за Доналд Трамп во средината на 2000-те години, а милијардерот го опишала како „неверојатно професионален“.
– Трамп е многу строг, но коректен и фер . Сите оние кои кај него ќе покажат дека знаат да работат, може да успеат. На Трамп му е важен само успехот и крајниот резултат, без оглед на тоа дали станува збор за маж или жена.
Во интервјуто за „Ем-ес-ен-би-си“ , Сенада Аџем изјавила дека Трамп секогаш работи на зацврснувањето на жените и дека никогаш не навредувал по сексистичка основа.
– Дојдов во САД од Сараево, кое тогаш беше во воена состојба, и бев благодарна што можам да работам, и ја ценев приликата која ми се пружи. Се трудев максимално да дојдам во позицијата на која сега се наоѓам.
– Кога работев за Трамп тој никогаш не се однесуваше сексистички. Тој знаеше дека мораме да изгледаме беспрекорно и учтиво, бидејќи кога работите во такво опкружување тоа од вас и се очекува.
– Јас дојдов во САД во 1996 година. Бев сама, мојот татко загина во војната во Сараево. напорно работев за да дојдам таму каде што сум сега. Од Доналд Трамп научив многу работи, бидејќи тој е одличен бизнимен. Кога дојдов овде, сите документи ги средив според законот но не ми беше лесно – изјавила Аџем.


