Полицијата во Калифорнија морала да интервенира со хеликоптер, откако повозрасен брачен пар бил нападнат од лута крава со нејзиното теле.
Од полицијата соопштија дека двете лица паднале на земја бегајќи од крава во регионалниот парк во кањонот Линч, минатиот викенд.
Во видеото снимено од хеликоптерот, се гледа кравата и нејзиното теле како стојат на околу еден метар од парот. Додека хеликоптерот лета над местото, можете да се види како кравата луто мрда со главата и додека телето стои до неа.
Полицијата успеала да ја измами кравата да се одалечи од луѓето, а потоа ја кренала двојката во воздух и ја однеле во болница.