Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, кој се одржа вчеравечер во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент што ја вознемири публиката.
Според видеото кое се шири на социјалните мрежи, за време на настапот пејачката во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш предизвика бурни реакции меѓу присутните. Дел од публиката почна да ја исвиркува, додека други решиле да го напуштат просторот во знак на протест.
@allworld844 #Ceca#balkan#makedonijaveles#skandal#bugarskozname ♬ original sound – All
Настанот, замислен како музички спектакл, неочекувано доби политичка димензија и предизвика бројни реакции и дебати на социјалните мрежи.
СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK
— Булевар.мк (@bulevarmk) October 31, 2025


