(ВИДЕО) Да не ви се верува: Русите плаќаат карта со пот и издишување!

Патниците во московското метрото неодамна можеа да ги платат своите билети на многу чуден начин: верувале или не со склекови.

Станува збор за идеја која ги промовира Зимските олимписки игри, како и за намера да се охрабрат граѓаните на физичка активност. Секој оној кој сака да патува со метро, може да си земе бесплатна карта, но само ако претходно на посебен автомат направи 30 склекови седни-стани.

Ова малку потсетува на видео играта „Wii Fit“, а со руските машини нема зезање, затоа што можат да фатат и мамење.