Пред точно три години, на 25.ноември 2010 година се случи првиот удар врз најгледаната телевизија во независна Македонија, А1 телевизија.
Тоа беше почетокот на голготата која резултираше со затворање на сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, неколку членови на неговото семејство вклучувајќи ја и неговата ќерка Емел Рамковска, како и уште неколкумуна управители на фирми, негови најблиски соработници, а седум месеци подоцна и на телевизијата, која како што тогаш се тврдеше, не била цел на нападите.
Денес од А1 останаа само спомените и многуте видеа за и против А1 на „Јутјуб“ што сведочат за нејзиниото постоење и моќ.
Очигледни се намерите и целта на анти – А1 видеата поставени наводно од името на А1 телевизија, а се против неа, во библијата за таквите постои поимот „волци во јагнешки кожи“.
Сепак три години по нејзиното затворање, таа сè уште е поим за слободно и независно информирање што ниту една друга македонска телевизија досега не го достигнала, а за оние што ја сакаа и почитуваа, повелете потсетете се на она што беше таа, како и на изјавите на нејзиниот сопственик дека и покрај сè, нема да попушти и нема да бега од борбата со власта, по цена на сè што има.
И за крај емотивното видео направено од Игор Шокаровски, режисер во А1 телевизија, кој на едно место ги собра многуте фотографии направени во телевизијата по нејзиното замолчување.


