(ВИДЕО) Дали сте слушнале за островот Суперши – Место каде што мажите не смеат да стапнат

Сместен на брегот на Финска во Балтичко Море, островот по име Суперши веројатно е еден од најпосебните острови во светот.
Пред неколку години, една претприемачка ја продала својата компанија и го купила ова парче „рај на земјата“ за да создаде совршена оаза исклучиво за жени. Сите жени можат да поминат неколку дена на овој остров и да се посветат себе си, своето тело, ум, душа…
Како настанал островот за жени
Заедницата попозната како Суперши, која ги собира жените ширум светот за да си помагаат една на друга да живеат здрав живот, е замисла на Кристина Рот, која до пред неколку години водеше консултантски бизнис вреден неколку милиони евра.

„Решив да ја насочам својата енергија на нешто забавно и инспиративно, па создадов мрежа од силни жени“. Така дојдов на идеја за островот. Сакав да им дадам простор на жените да бидат тоа што се и да учат една од друга, далеку од надворешниот свет“, изјави оваа успешна жена за која пишуваа највлијателните светски медиуми на почетокот на проектот.
Во оваа карпеста „ничија земја“, опкружена со борова шума, има заштитен простор ослободен од притисокот на секојдневниот живот во општеството во кое доминираат мажите.

„Нашиот остров е подмладувачки и безбеден простор каде жените можат повторно да се откријат себеси и своите желби, место каде што можат да бидат тоа што се“, вели Кристина Рот.
Воздухот на овој остров е еден од најчистите во светот, збогатен со мирис на бор, кој е вистински мелем за душата и телото. Активностите главно се фокусирани на здравјето и благосостојбата на жените, вклучувајќи часови по јога, медитација и готвење, како и поенергични активности како што се веслање на даска и пливање. За оние кои сакаат повеќе мирен одмор меѓу дрвјата, има можности за исхрана во шумата, додека плажата со златен песок нуди место за сончање. Модерните висечки мрежи и места за релаксација ги повикуваат посетителките да се релаксираат со добра книга.

Извор: bastabalkana com

Најчитани вести