(ВИДЕО) Дејвид и Викторија Бекам за првпат на свечена вечера во Бакингемската палата: Блесна елегантната двојка

Дејвид и Викторија Бекам присуствуваа на банкет организиран во чест на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Бакингемската палата.

Викторија за оваа пригода избра креација која го истакна струкот, а Дејвид се одлучи за класичен костум со машна, пренесува „Дејли мејл“.

Дејвид го доби Орденот на Британската империја во 2017 година. Но, ова е првпат тој и Викторија да бидат поканети на банкет.

Поранешниот фудбалер неодамна беше назначен за амбасадор на Кралската фондација и му помагаше на принцот Вилијам да собере средства за лондонската воздушна амбуланта.

На банкетот присуствуваа и сопругата на емирот Шеиха Џавахер бинт Хамад бин Сухаим Ал Тани, кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и други.

Во своето обраќање, кралот Чарлс изјави дека односот меѓу Британија и Катар е „длабок, личен и историски“. Тој ја изрази благодарноста на Британија за нивните „неуморни напори за посредување во изминатата година во потрагата по мир“.

Извор: slobodenpecat

Најчитани вести