Чуварите на една кинеска зоолошка градина успеале да спасат млад човек кој сам влегол во кафезот на тигрите, велејќи дека сака да им го разубави денот.
Јанг Јинхаи (27) се фрлил во кафезот со тигрите, очекувајќи тие да го нападнат и изедат. Но сосема неочекувано тие избегале. Тогаш тој се обидел да ги провоцира, но место смрт си добил неколку гребаници и гризање.
Пред својот смртоносен подвиг, Јанг неколкупати на интернет објавил дека е среќен и оптимист бидејќи добил работа во градот Ченгду. Сепак, многу брзо му станало досадно и монотоно на работа, па го променил својот став.
По посетата на зоолошката градина, тој пишува дека се чувствува депресивно кога ќе ги види овие величествени суштества како живеат во такви лоши услови, затворени и без можност да ги следат своите природни инстинкти – да ловат и да убијат.
Тој тогаш напишал дека одлучил да се жртвува себеси за поддршка на тигрите.
-Тој се качи на надворешната страна на кафезот и скокна во него, веројатно очекувајќи дека тие ќе го изедат. Наместо тоа, тигрите избегаа. Потоа тој се обиде да ги испровоцира и си доби неколку гребаници и гриз од мажјакот.
Наскоро пристиганаа и чуварите кои мораа да ги заспијат тигритие и го извлекоа Јанг надвор, раскажува еден очевидец.
Семејството на Јанг открило дека тој долго време е во депресија и дека сега оди на терапија.
]]>


