(ВИДЕО) Џамијата на Хасан Втори изградена на брег: На минарето се качува со лифт, а преку стаклениот под се гледа морето

Џамијата на Хасан Втори во Kaзабланка, Маркоко, има највисоко минаре во светот од 210 метри. Покрај високото минаре, на кое може да се качи само со лифт, посебна карактеристика ѝ локацијата, изградена е покрај море, а речиси половина од нејзе е над водата на Атлантикот. Морската вода може да се види преку стаклениот под во нејзината внатрешност.

Од врвот на минарето, секоја вечер силен ласер е насочен кон Мека, или Кааба. Сите врати на џамијата се направени од титаниум за да не кородираат од морската вода и да не им се менува бојата. Таванот е направен од дрво од кедар, а во текот на летните денови се отвора бидејќи џамијата нема вентилација, така што кога ќе дојдат 25.000 верници, колку што можат да се сместат во џамијата, на овој начин тие можат да дишат внатре. Покривот тежи 1.100 тони и е рачно изработен.

За да се направи еден метар квадратен од овој покрив се потребни четири дена. Целата џамија била направена за шест години, од 1987 до 1993 година, а околу 2.500 работници и 10.000 sидари работеле 24 часа на ден. Лустерите во џамијата се направени од венецијанско стакло, помалите тежат 400, а поголемите 800-1.100 килограми. Надвор, на платото на џамијата, има простор за 80.000 верници.

Иако оваа џамија воодушевува со својот надворешен и внатрешен изглед, за нејзината изградба се потрошените приближно 800 милиони долари, факт што предизвика незадоволство кај населението во Казабланка.

https://www.youtube.com/watch?v=p22VkKwS9Zw&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Магазин

Најчитани вести