Плановите за изградба на новиот стадион за Светското првенство 2022 година во Катар наидоа на исмејување по фудбалските блогови. Стадионот Al Wakrah со капацитет од 40.000 гледачи ќе биде изграден во следните 8 години. Организаторите тврдат дека станува збор за дизајн по пример на традиционалниот чамец што се користи за нуркање при потрага на школки. Но, за фудбалските блогови, стадионот наликува на нешто друго, односно на женски полов орган. Како ќе изгледа првиот фудбалски стадион во Катар погледнете во следното видео:


