„ТВ Фејс“ вечерва треба да го емитува интервјуто со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, направено во просторија на аеродромот во Сараево пред три дена, кога беа донирани вакцините во БиХ.
Додека Сенад Хаџифејзовиќ и Александар Вучиќ го снимале интервјуто, членовите на Претседателството на БиХ трпеливо чекале пред просторијата.
И тогаш дошол Милорад Додик, претседавачот на Претседателството на БиХ.
-Ацо, Сенад е најголемиот зае*ант во земјата – рекол Додик.
Хаџифејзовиќ на ова му вратил: – Милораде, ние двајцата се договоривме да те смениме!
Додик на ова вратил дека токму тоа се обидувал да го направи во последните 20 години.