Снимките објавени од страна на американската NBC, покажуваат прилично застрашувачка несреќа на два авиони полни со падобранци, која се случи во саботата во државата Висконсин. Чудо е што никој не настрада.
Видеото е снимено со камери на падобранците, а целиот настан може да се види од нивната перспектива. Изгледа навистина страшно и драматично.
Иако звучи неверојатно, во овој судир никој од деветте падобранци и двајцата пилоти не го изгуби животот. Дури нема потешки повреди, што е чудо.


