(ВИДЕО) Двајца насилници без маски прават инцидент во автобус на ЈСП – МВР истражува

Двајца момци се расправаат со сопатници и удираат по инвентарот во автобус на ЈСП, а ситуацијата се вжештува откако добиваат укажување од сопатничка дека не носат маски. На социјалните мрежи кружи видео, во кое се гледа и слуша, како двете момчиња им се закануваат на сопатниците, додека автобусот е во движење.

„Не се занесувајте“;

„Значи маска, абе нема држава, ќе работи државата за мене и полиција. Немој госпоѓо…ќе те носам у киселина, ќе те топам, не знаеш со кого имаш работа“;

„Животот сум го поминал со секаков проблем, она ќе ми каже“,се дел од коментарите на момците кои стојат внатре во автобусот со маските на брада.

Иако сопатнициите им укажуваат дека нема станица онаму каде што сакаат да им запре автобусот, еден од момчињата дофрлува „Ако нема станица, јас ти кажувам овде“.

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ велат дека се запознаени со видеото и дека се испитува случајот. Засега нема информации кога точно се случил настанот и на која линија сообраќал автобусот во моментот.

https://twitter.com/JohnnyParka/status/1347520931468603395

Извор: 360 степени

]]>

Најчитани вести