(ВИДЕО) Џорџ Клуни го украде шоуто на црвениот тепих: Падна фотограф, а актерот му помогна и започна да фотографира

Додека актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, Амал, позираа на црвенито тепих на филмскиот фестивал во Венеција, еден од фотографите падна. Актерот веднаш му пријде на помош, а потоа решил да го расположи малку. Тој му го зеде апаратот и започна да фотографира.

Клуни им се придружи на фоторепортерите од другата страна на црвениот тепих и почнал да се фотографира.

Неговиот потег ги воодушеви присутните, а фотографиите на кои актерот со сериозен израз го гледа настанот опкружен со насмеани фотографи го обиколија светот.

Да потсетиме, во новиот акционен филм Клуни глуми криминалец чија задача е да прикрие злосторство од висок профил. Меѓутоа, кога Пит, ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата “волци” мора да ги здружат силите.

Најчитани вести