Благодарение на храброста на возачот на тенкот и неговата брза одлука на само неколку моменти пред автомобилот да експлодира, спасени се околу 50 животи.
Автомобилот-бомба бил запрен на безбедносен пункт на Синај во понеделникот, но сепак експлодирал, при што загинаа седум луѓе. Сепак, се смета дека ако не беше постапката на тенкистот, кој го ризикуваше својот и животите на екипажот, бројот на жртви ќе бил многу поголем.
Во автомобилот имало четворица вооружени напаѓачи и над 90 килограми експлозив. Тоа што тенкот го прегазил ја одложило експлозијата, па на крајот загинаа само напаѓачите и уште неколку љубопитни минувачи. Тенкот успеа да се оддалечи на време, а екипажот е без повреди.


