(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Хрватите го открија гробот на Александар Македонски во Свети Николе!

Немаше да биде за изненадување ако Паско Кузман или Ниче Македон соопштија каде се наоѓа гробот на Александар Македонски, но ова може да биде вистинско изненадување и возбудување за сите оние што трагаат по неговиот гроб и во кои тече македонска крв.

Гробот на Александар Македонски се наоѓа во Билазора(Вилазора), археолошки локалитет во непосредна близина на Свети Николе – Ова е тврдење на Домагој Николиќ, независен истражувач, кое го изнесува во емисијата „Na rubu znanosti“, која се емитува на третата програма на хрватската телевија.

Археолошкиот локалите Билазора:

bila-zora

Ви ја пренесуваме целата емисија, која тематски е насловена: „Во потрага по Александар Македонски“.

Но, со мало предупредување дека можете да се разочарате на почетокот на емисијата, кога новинарот Крешимир Мишак го опишува Александар Македонски како мегаломан, алкохоличар и хомосексуалец. Но не грижите се ако не можете да се препознаете како потомци на човек со вакви особини бидејќи во текот на емисијата следува возбудување: Античките Македонци се нешто сосем различно од Грците – Кога Александар зборувал со Грците, имало преведувач!

За локацијата на гробот на Александар се зборува од 20 до 27 минута од видеото.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести