Во Украина дошло до експлозија во воено складиште со муниција во Виница, на 250 километри од Киев.
По експлозијата дошло и до пожар, поради што од населбата во близина на военото складиште, од утринските часови се евакуирани околу 30.000 лица.
Затворени се сите патишта во близина на подрачјето зафатено со пожар, а според првичните податоци, во експлозијата е повредено едно лице.


