Невообична борбена сцена се случила на една свадба во Кина, кога љубовница на младоженецот дошла непоканета на свадбата, со цел да се пресмета со невестата.
Инцидентот на свадбата, што го снимал еден од гостите и снимката ја објавил на интернет, се случил во Шенџен, во јужната провинција Гуангдонг.
Младенците додека влегувале во салата, влегла бремената жена облечена исто така во венчаница и ја нападнал невестата.
Потоа започнала жестока борби, а сите напори на зетот, келнерите и гостите да ги одвојат двете жени биле залудни.
– Не сакаше да абортираш кога требаше и сега доаѓаш овде со својот стомак. Да не сакаш да ти купиме куќа? Мислиш дека можеш да го бараш тоа од нас – извикала невестата во лутина.
По неколку минути на немилосрдна пресметка, двете жени паднале на подот, целосно исцрпени, пренесоа медиумите.
Погледнете го видеото:


