(ВИДЕО) Еве како се слави детски роденден во Дубаи: Си цртаат по Ферари вредно половина милион долари

Роденденските забави на децата веќе не се како порано, сега тие се планираат многу порано пред самиот ден и треба да се направи цело сценарио за тој ден да биде посебно интересен преку разни и интересни игри и начини како децата да си поминат одлично.

Но, за едно семејство кое живее во Дубаи, немало вакви проблеи при организирањето на роденденската забава на нивното дете. Видеото од нивната прослава стана вирално на интернет, а сосема е јасно и зошто.

Во видеото можете да видите какво решение нашле родителите за да ги анимираат децата на забавата – преку цртање, но не на хартија. За да биде поинтересно, децата цртале на ново жолто Ферари, кое вреди 500 илјади долари.

„Само во Дубаи“ – стои во описот на видеото.

Судејќи по украсите во скапата гаража, момчето Ноа лудо се забавувало со неговите пријатели. Сепак, коментаторите под видеото не ја пропуштија шансата да го дадат своето мислење за забавата на децата, но пред се и за родителите:

„Ова е страшно, што учат?“, е еден од коментарите.

“Нели има други интересни игри за деца“, прашува друг.

Најчитани вести