ЛаКејша Сарн (32) од Калифорнија си поставила многу тешка задача учествувајќи во популарното шоу „Што можеш да направиш за 100 дена“, во кое учесниците си поставуваат цели и секојдневно го снимаат своето напредување и активностите што ги водат кон целта.
– Мојата самодоверба беше многу мала. Бев во депресија и посакав да се променам, изјавила – изјавила Сарн во почетокот на шоуто кога ја открила и својата мотивација да го направи она за што се одлучила, а тоа е значително да ги намали своите килограми за 100 дена.
Иако таа речиси го постигнала тоа што го сака и изгубила осум килограми, далеку поважно е тоа што научила да верува во себе и да ја почитува својата одлука да истрае во постигнувањето на целта.
– Ја пронајдов љубовта во себе – изјавила Сарн на крајот на исполнувањето на овој предизвик.
Младата Американка се охрабрила да ја постигне оваа своја цел, гледајќи на интернет една друга учесничка во шоуто која си поставила цел да научи да игра за 100 дена. Видето на Сарн за 3 дена го гледале повеќе од 160.000 корисници, а можеби и таа за некој од нив станала инспирација.
]]>


