Екипата на Евертон ја прекина победничката низа од четири натпревари во серија на Арсенал во Премиер лигата.
Во дерби натпреварот од 15. коло одигран попладнево на стадионот „Емирати’’ во Лондон, дуелот меѓу Арсенал и Евертон заврши без победник 1:1.
Иако, Арсенал по голот на Месут Озил во 80-минута, поведе со 1:0, сепак „Топџиите’’ не успеаја да ја остварат четиринаесеттата победа сезонава. За тоа се погрижи Шпанецот, Герард Деулофеу, кој четири минути подоцна (84) го постигна израмнувачкиот гол за Евертон тим кој и по осум натпревари во низа остана непоразен.
Арсенал кој е лидер на табелата во Премиер лигата има пет бодови повеќе сега во однос на второпласираниот Ливерпул, додека Евертон остана на петтото место, но сега со бод помалку од Манчестер Сити, кој е на четвртото место.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Свонси – Хал.
На останатите натпревари од ова коло беа постигнати следните резултати: Фулам – Астон Вила 2:0, Манчестер Јунајтед – Њукасл 0:1, Стоук – Челзи 3:2, Вест Бромвич Албион – Норвич 0:2 , Кристал Палас – Кардиф 2:0, Ливерпул – Вест Хем 4:1, Саутемптон – Манчестер Сити 1:1 и Сандерленд – Тотенхем 1:2
Табела: Арсенал 35 бод, Ливерпул 30, Челзи 30, Манчестер Сити 29, Евертон 28, Тотенхем 27, Њукасл 26…


