(ВИДЕО) Езеро во Босна исчезна преку ноќ

Жителите на Саница во Босна и Херцеговина, се изненадиле кога видеделе дека едно мало езеро пресушило во текот на ноќта, оставајќи зад себе голема дупка која „голта“ земја.

Како што пренесоа сараевските медиуми, оваа дупка постојано се проширува и се заканува да ги загрози соседните домаќинства.

Селаните веруваат дека тоа е веројатно поради подземните води, но се чека експертите да објаснат штп точно се случува.