Eден голем обажавател на популарната пејачка Шакира одлучил да тргне на долго патување од Италија до Шпанија за да добие нејзин автограм на автомобилот.
Корисникот на „TikTok“ со име „pakyd2“ го снимил целото негово доживување со неговите следбеници, на кое може да се види неговото патување од Италија до Шпанија, односно до Барселона, каде што живее познатата пејачка.
Este italiano se fue hasta la casa del Shakira para que le firme el parabrisas del twingo SKKDKDWKWKpic.twitter.com/sOuCJRZfGe
— 𝙏𝙝𝙚 𝙈𝙤𝙣𝙜𝙤𝙤𝙨𝙚 (@House_Mebarak) February 21, 2023
Како што вели сето ова го прави за да ја поддржи и затоа одлучил да отпатува до нејзиниот дом за таа лично да се потпише на дел од неговото Рено Твинго. Токму името на овој автомобил стана славно затоа што пејачката го спомна во нејзината песна посветена на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.
Откако пристигнал пред нејзиниот дом тој чекал таа да пристигне и да ја праша дали може да се потпише на неговиот автомобил. Пејачката не сакала да излезе, но за негова среќа се појавил нејзиниот брат, кој земал дел од автомобилот, го внел во куќата додека обожавателот чекал надвор. Потоа го изнел со автограм лично од Шакира.


