Камерите во еден руски затвор го уловиле моментот на интимност помеѓу рускиот шеф на мафија и жената која се претставила како активистка за човекови права.
Мафијашкиот бос е фатен на снимките од тајните камери во интимни пози со жената која е идентификувана како Лариса З – редовен посетител на затворот во Свердловски во централна Русија.
Имено, нејзината задача е да провери дали затворениците се безбедни во ќелиите и дали се задоволни од условите во затворот.
Сепак, шефот на мафијата очигледно бил повеќе од задоволен од условите, а привлечноста помеѓу овие двајца настанал речиси веднаш.
Видео-материјалот наводно настанал во април годинава и покажува дека двојката не ни разменила зборови туку веднаш поминале на водењето љубов.
– Забележавме дека нејзиното советување траеше подолго од обично, па ги проверивме снимките од тајните камери – рекол портпаролот на затворот.
Извор:Информер.рс.



