Минатата недела, пилот на „Американ ерлајнс“ во контролната кула на аеродромот во Лос Анџелес пријавил дека на висина од 900 метри видел маж како лета со млазен пакет на грб. Ситуацијата не му се причинала, затоа што „Ајронмен“ го забележал и од друг пилот од авиокомпанијата „Џет Блу Ервејс“.
Човекот што храбро летал со авионите сè уште не е идентификуван, но наскоро ќе го бара и ФБИ. Ако го пронајдат, ќе биде казнет за загрозување на безбедноста на авионите и нивните патници.
Што се однесува до „летачкиот млазен пакет“, можеби звучи како сè уште да е фантазија или дел од игрите на „ГТА“, но технологијата во последните неколку години многу напредуваше, во што можете да се уверите во видеото подолу: