(ВИДЕО) Француски авантурист како Аладин: Леташе со „летечки килим“

Детскиот сон за францускиот авантурист Фреди Монтини (44) стана реалност и тој како Аладин леташе со облаците на „летечки килим“.

Монтини со години се занимава со параглајдерство, па одлучил неговата вештина да ја искористи за еден необичен подвиг.

Монтини „летна“ од планински врв висок 2.400 метри, а неговата авантура ја снимил со камера.

„Со параглајдинг се занимавам 19 години, скокам со падобран од 14 години, а летам со змеј девет години. Овие активности ми помогнаа да го совладам и „летањето“ на тепих“, изјави тој.

Монтини се прашувал дали се вистинити митовите и легендите кои ги слушал како дете, пренесе „Daily Star“.

За овој подвиг тој истакна дека бил безбеден благодарение на долгогодишното искуство и падобран.

„Мојата заштита беше падобранот. Ако нешто тргнеше наопаку, би го пуштил килимот и би го отворил падобранот“, вели тој.

Тој признава дека „летечкиот килим“ не е како оној од приказната за Аладин, туку само сакал да си го оствари детскиот сон. Гледачите на видеото останаа без зборови, но многумина веруваат дека се работи за неверојатен, но опасен експеримент, пишува Телеграф.рс.

Најчитани вести