(ВИДЕО) Фудбалерот прави чуда: Меси даде кош со глава

Најдобриот фудбалер на светот, играчот на Барселона Лионел Меси на еден свој тренинг, успеал да постигне кош со глава.

Ова се случило откако тренерот на Барселона,  Херард Мартино одлучил да им даде задача на фудбалерите од каталонскиот клуб со глава да го погодат кошот.

Меси заедно со Хавиер Маскеран веднаш стапиле во „акција“, па славниот фудбалер успеал и да поентира.