Како небото да се спуштоло на земјата изгледаше во петокот погледот од Големиот Кањон во САД затоа што се околу него беше покриено од магла.
Овој природен феномен, целиот Кањон да биде покриен со магла, е многу реток и се јавува само еднаш во десет години, а на официјалната страница на Фејсбук на Националниот парк, е објаснето дека тоа се појавува во зимските месеци поради големите температурни разлики.






