Корнел Хришка – Мун e роден во Романија во година без раце и со деформитет на левата нога. Велат дека неговата мајка вриштела од болка кога првпат го видела, а лекарите предвиделе дека ќе живее само неколку часа.
Поради тоа, на бебето не му бил направен документ со кој би се евидентирало неговото раѓање, а место со родителите, било испратено во дом за сирачиња во внатрешноста на земјата. Таму го сместиле во метален кревет и не му посветувале внимание воопшто, од време на време му давале малку млеко и го оставиле да умре.
Но бебето Корнел, за среќа, имало други планови – тоа почнало да напредува. Кога имало седум месеци, лекарот што го прегледал го забележал бистриот поглед на бебето и контактирал со една хуманитарна организација од Велика Британија преку која бил префрлен во една институција во оваа земја, каде што имало посоодветни услови за него. Од овде го посвоил британскиот пар Дорин и Кен Мун, кои заедно со него, имаат уште четири ќерки.
Овде започнува приказната за Корнелиј, младиот човек кој денес студирал филозофија и теологија на „Keble Collegeu“ во Оксфорд.
-Ми се допаѓа дружењето со колегите во Оксфорд, уживаат во различните секции, а тука е и џез оркестарот каде што свирам на тапани, вели тој.
-Се разбира, не дозволувам мојата физичка попреченост да ми застане на патот. Борец сум и секогаш наоѓам решение што е можно повеќе од работите да ги напрам сам, вели тој .
Еве како овој храбар човек нашол начин да свири на тапани. Покрај тапани, Корнел свири и на контрабас и бас гитара.
Инаку, целото музичко дело на Корнел може да се следи на неговиот канал на ЈутЈуб.


