Откако во морето виде перка од ајкула, човекот кој претходно безгрижно пливаше, почна панично да плива кон брегот. Кога стаса на суво, од шок, тој се сопна и падна. Побрза да застане на нозе и избега, а дури откако се загледа во отвореното море, имаше што да види.
Страшната „ајкула“ беше всушност тешка, но смешна шега на неговите пријатели, кои закачија вештачка перка на стап. Случајните набљудувачи на плажата слатко се насмеааја, додека главниот актер беше престрашен.


