(ВИДЕО) Големо срце од овци: Погледнете како еден австралиски земјоделец се збогувал со сакана личност

Како и многу други семејства погодени директно или индиректно од пандемијата, така и Бен Џексон поради строгите пандемски мерки во Австралија не можел да се збогува со сакана личност.

Австралискиот земјоделец бил 400 километри далеку, во Нов Јужен Велс, додека неговата тетка Деби ја изгубила двегодишна битка со ракот во Квинсленд, а поради строгите мерки поврзани со ширењето на коронавирусот тој не можел да присуствува на погребот.

Бен одлучил на малку поинаков начин да ѝ ја покаже својата љубов ставајчи сено во облик на големо срце, а потоа ги пуштил неговите илјада овци да пасат. Откако овците стигнале до сеното, формирале облик на срце.

Резултатот од негоиот гест го снимил со дрон, а потоа снимката ја споделил на социјалните мрежи.

„Немаше шанси да стигнам таму и да ја видам, да ја поздравам или да отидам на погреб“, изјавил Бен за Би -Би -Си.

-Се чувствував беспомошно и безнадежно, не знаев што да правам. Одлучив да направам големо срце на земја, но и тоа е премало во споредба со нејзиното срце – рече Џексон.

Во последниве години, Џексон на сличен начин создаде уште неколку уметнички дела со помош на неговите овци, обликувајќи различни симболи и логоа, а неговата тетка отсекогаш ги обожавала неговите креации.

Последен пат се виделе кога таа го посетила во мај, пред Австралија да ги заостри ограничувањата.

Неговата посветеност на неговата сакана тетка брзо стана вирална, а се емитуваше и на телевизиите низ Австралија.

-Тетка би уживала и би се гордеела со сите насмевки што ги предизвика срцето што го направив за неа. Тоа е љубов, а љубовта е сензационална – заклучи тој.

https://www.youtube.com/watch?v=bEdZ-GV4uIY
]]>

Најчитани вести