Полицијата се обидувала да ѝ влезе во траг со недели, но безуспешно. Во петокот ги објавија деталите јавно и побараа помош од граѓаните, пренесува Билд.
Работата на Јасмин била да ги пакува банкнотите во касети за готовина, што подоцна ќе бидат транспортирани до банкоматите во филијалите на банките.
На денот на грабежот, 21 мај, таа наместо да ги полни касетите како вообичано, си спакувала 8 милиони евра во вреќи за ѓубре и ги фрлила во контејнер за ѓубре.
Потоа фрлила ѓубре над нив за да ги сокрие. На крајот ги земала парите од контејнерот со мерцедес, изнајмен во Берлин, а користела и лажни таблики. Влегла во возилото и исчезнала без трага.
Пријател на Јасемин, за медиумите, тврди дека таа не е толку паметна за да го изведе сето ова сама и дека има некој кој и помогнал во сето тоа.
]]>


