ВИДЕО: Хадлстон даде гол после две години и веднаш замина на стрижење

Фудбалерот на Хал, Том Хадлстон, одамна вети дека ќе ја истрижи косата дури кога ќе го прекине голгетерскиот пост. Голема грешка! Агонијата траеше две години, а косата растеше ли растеше. Се до денес! Хадлстон на крајот успеа да се запише во листата на стрелците, во денешното разбивање на Фулам (6:0), а играчот не чекаше многу. Само неколку секунди после постигнувањето на голот, дотрча до аут линијата, а некој од резервната клупа одсече големо парче коса од главата на Хадлстон.

Најчитани вести