По 10 месеци, колку што се одржуваше 9-тата потрага по нова Гранд ѕвезда, беше прогласен победникот, а титулата ја понесе со најмногу гласови од публиката Харис Берковиќ од Босна и Херцеговина.
Тој ќе биде новиот лик на музичката сцена, а за освоеното прво место тој си доби стан во Белград, и снимање CD со 8 песни.
Второто место го освои Семир Јахиќ кој доби подарок луксузен автомобил, а останатите финалисти ќе добијат можност да снимат своја песна.

Нашите Филип и Ален беа меѓу четворицата супер финалисти и тие го освоија третото, односно четвртото место.

Потрагата по нови музички таленти продолжува, аудиците за следната сезона од најгледаното музичко шоу веќе започнаа, а наесен новите Гранд ѕвезди ќе можат да се видат и на телевизиските канали.


