Швајцарецот Роџер Федерер обезбеди пласман во финалето на турнирот во Монтреал, од серијата 1000 АТП Мастерс, откако без поголеми проблеми го совлада Робин Хасе, со 6:3, 7:6 (5).
Федерер покрај тоа што е најдобар тенисер на сите времиња, веројатно е еден од најпопуларните играчи во очите на фановите, заради неговиот карактер, неговата харизма. Но, дури и неговата публика покажува симпатии кон друг, особено кога тој доминира како во полу-финалето во Монтреал против Холанѓанецот Робин Хасе.
Во средината на вториот сет, во кој Федерер загуби вкупно три поени (два во тај-брекот), Хасе се сподготвуваше да сервира, а на трибините се слушна глас:
“Напред, Роџер!”.
Хасе кратко подзастана, погледна нагоре кон трибината од каде што дојде извикот и одговори:
“Моето име е Робин!”
Неговиот одговор го воодушеви до последно место исполнетиот централен терен во Монтреал, па дури и Федерер се насмеа. Роџер е инаку многу смирен и фокусиран и многу ретко може да се прочита расположението од неговото лице во текот на натпреварот.
Иако не успеа да победи, Хасе барем успеа добро да го насмее Федерер …


